...

събота, 3 май 2008 г.

Кратка приказна за селото Желево, Македонија





Селото Желево се наоѓа во областа Костур, Македонија. Тоа било едно од поголемите села во Костурско, веднаш по селото Смурдеш во Корешта. Желево е опкружено со планини и се наоѓа на подножјето на планината Бигла. Тоа е убаво и сликовито село. Реката Бистрица извира од планините блиску селото а се влева во Солунскиот залив. Сместено е на патот кој ги поврзува Костур и Лерин. Пред 1912 година селото броело околу 270 куќи. Имало две државни училишта, едно средно училиште и две цркви - Свети Никола и Свети Атанас. На неговата североисточна граница се наоѓа селото Писодери а на север, селото Герман, северозападно се селата Рудари и Папли, а на југоисток, селата Ошчима и Терсиа.

Основање на селото


Не е точно познато кои биле првите доселеници на Желево. Денес тоа е поделено на два дела - Старо Желево и Ново Желево. Не постојат конкретни историски информации кои би ни покажале кои биле првите доселеници во селото. Секако, како и за другите села, така и за Желево, постојат легенди коишто ни кажуваат за првите жители.

Една од овие легенди, која јас ја сметам за најинтересна, го кажува следното. По неуспешното востание против Турците, шест или седум семејства живееле во бегство и се населиле на местото наречено “Старо Желево” каде што имало густа и непробојна шума. Оваа локација била практично недопирлива за Турците и затоа доселениците ја сметале за сигурна. Турците никогаш не би се осмелиле да влезат во такви места. Всушност не ни постоела потреба тие да влегуваат во таквите места бидејќи тие биле најзаинтересирани за рамнините, кадешто живееле луѓето, а не за планините. Така се настанало населеното место Желево. Но кои биле доселениците и од каде дошле, останува непознато за нас. Дури и годината кога ова се случило ни е непозната, ниту пак е позната годината кога се случило востанието против Турците. Јас лично сметам дека оваа легенда е вистинита, бидејќи повеќето села во Македонскиот планински регион настанале на овој начин. Револти и востанија се случувале и “рајата” (заробеното население) морало да ги напушти своите домови, да бега од Турците и да се крие по безбедни места односно во планините.

Еминентниот Белгиски научник и политичар Augier Bousbec кој патувал по Балканот во 1553 година како амбасадор на Императорот Фердинанд Први, ни раскажува за дополнителни причини поради кои Христијаните ги напуштале своите домови и плодна земја и бегале на непристапни локации. Тој го пишува следното: “Често Христијаните биле вознемирувани од Турската заморувачка грубост и безобразие и се повлекувале од “кралските патишта” и оделе на места кои биле недостапни и безбедни, оставајќи им ја плодната земја на моќните Турци.”

Поради тие причини населението било присилено да остави се зад себе и да бара побезбедни локации за криење од прогонот на поробителите, и да започне подобар живот. Повеќето населени места во Македонија, како и во останатите делови на Балканскиот Полуостров, се појавиле поради прогонот на Турците.

Не е точно познато колку долго доселениците живееле на првата локација - Старо Желево, но по сета веројатност може да се заклучи дека тие таму останале долги години. Така барем вели легендата. Што ги натерало жителите да го напуштат ова место и да се преселат во Ново Желево? Старите луѓе ни велеа дека слушнале преку традицијата, дека преселбата се случила по еден пороен дожд. Се вели дека дождот бил толку пороен и застрашувачки што ги урнал куќите, ги одвеал животните, ги уништил градините и нивите на луѓето од Старо Желево. Тоа ги натерало да се преселат на сегашната локација - Желево. Темелите на куќите од Старо Желево сеуште постоеле до 1915 година.

Една друга легенда раскажува за специјалната церемонија којашто била изведувана од селаните пред да се населат на нова локација. Луѓето верувале дека со изведувањето на церемонијата, новата населба ке биде заштитена од уништување и од човечка рака и од природни несреќи. Церемонијата се состоела од следното: по предлог на некои од постарите жители, два јунци-близнаци биле впрегнувани, и со нив се изорувала бразда по границите на селото. Две млади момчиња, исто така близнаци, ги воделе јунците. Изгледа дека ова суеверно верување навистина делувало во случајот на Желево. Повеќето од блиските села биле или запалени или уништени за време на востанието или од некоја природна кататрофа, но Желево останало недопрено до ден денешен. Желево не било допрено ниту од Илинденското Востание, ниту од Балканските Војни, ниту пак претрпело штети од Првата или Втората Светска Војна.

На почетокот жителите го заработувале својот леб како дрвосечачи. Тие сечеле дрва од густата шума и ги носеле на продажба во малото градче Лерин. Истовремено тие започнале да се занимаваат и со резбарство, изработувале дрвени чинии, лажици и ковчези. Некои од нив ја искористиле погодната околина полна со разновиден дивеч и започнале да се занимаваат со лов. Други изработувале рала, тркала за коли, запрежни коли и слично, кои што ги продавале на селаните во соседството. Подоцна, почнале да ја обработуваат земјата. Земјата била недоволно плодна а било потребно и сено за стоката.




Образите на възрастните хора, с които разговаряхме, са замацани, а някой моменти са изрязани за спестяване на място, или за запазване сигурността на самите хора. Приятно гледане:

http://uk.youtube.com/watch?v=9JifvhHsbaQ

Няма коментари: