...

събота, 13 март 2010 г.

Вчера почина Јован Стојанов популарно познат како Јове- рибарот.

Вчера почина Јован Стојанов популарно познат како Јове- рибарот.
Беше бескомпромисен борец за бугарската кауза и заедно со исто така починатиот, Благој Велинов беа меѓу првите и нај активните личности кои ја поттикнаа современата преродба на македонските бугари. Беше еден од основачите на првото наше здружение Радко. На основачкото собрание на здружението, кога беа нападнати од србомакедонистичките хулигани, смело застана во одбрана на достоинството на сите учесници на собирот. Поради ова беше осуден и иако во подминати години (68) лежеше затвор.Траумите преживеани за време на долгиод и неправеден судски процес и затворот трајно го нарушија неговото здравје и предизвикаа предвремена смрт. Хулиганите кои го атакуваа собирот, иако се знае кои се,никогаш не беа третирани од македонските органи.Заслужува да се каже дека овој немил настан се случи 2000-та година кога партијата ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.Од тој момент па се до последниот ден во затворот ниту од Бугарија ниту од Македонија Јове-рибарот не доби никаква институционална помош.
Погребот ќе се одржи на 13 март (Сабота) во Скопје на градските гробишта Бутел во 12 часот.

Няма коментари: