...

сряда, 20 август 2008 г.

Над 30.000 семејстава поседуват имоти во Егејскиот дел



Неколку илјади битолчани со потекло од Егејскиот дел на Македонија се уште не губат надеж дека еден ден ќе си ги вратат имотите во Република Грција и дека повторно ќе стапнат на родното огниште. Грчките адвокати се плашат. Ретко кој од нив се нафаќа да ги застапуваат Егејците кои пред Грчките судови покренаа барања за враќање на нивните имоти. Паралелно со постапките пред грчките судови Егејците бараат и од Судот во Стразбур да ги укине грчките акти со кои се конфискувани нивните имоти, и им е одземно државјанството како и правото на слободно движење. Над 30.000 семејстава поседуват имоти во Егејскиот дел. Досега 4.000 од нив веќе ја тужат Грција и бараат враќање на имотите. Ниту еден од нив не е проценет под еден милион евра, а некои бараат и многу повеќе, затоа што вредноста на земјата во изминативе 60 години е значително порасната.

Няма коментари: